Sunday, December 11, 2016

Развој на одбојката во светот

                                           Развој на одбојката... 


  • Одбојката на почетокот се ширела низ САД во универзитетите. Во 1900. година се појави и во Канада, со што Канада станала првата странска земја во која почнало да се игра одбојка. Потоа, почнува да се шири на сите страни на светот: Филипини, Кина, Индија, Јапонија, Мексико, Европа, Африка... До 1913. година одбојката во Азија се развила толку многу што била вклучена во програмата на Далечно-Источните игри огранизирани во Манила. Важно е да се спомене дека во Азија одбојката долго време се играла со 16 играчи во поле со цел да се зголеми бројот на учесници. Во Америка, веќе во 1916. година, овој спорт го играле 200 000 луѓе како на универзитетите, така и во училиштата. Играле и мажи и жени.
  • Во 1918. година, правилата биле сменети. Бројот на играши бил ограничен на шест и било договорено дека дозволениот број на одбивање на топката е три пати.
  • Во април, 1947. година е основана Меѓународната одбојкарска федерација FIVB во Париз со цел за промоција на овој спорт во светот.

Friday, December 9, 2016

Историјата на Одбојката

                         Создавање на Одбојката


  • Вилијам Г. Морган (1870-1942), роден во државата Њу Јорк, останал запишан во историјата како создавач на одбојката, којашто првично ја нарекол “Mintonette”. Морган дипломирал на колеџот Спрингфилд каде што се запознал со Џејмс Наисмит, којшто во 1891. година ја измислил кошарката. Една година по дипломирањето, отишол во Холиоки, Масачусетс, каде што добива место директор за физичко воспитување. Тоа место му овозможило директно влијание на вежбите за рекреација, т.е. развојот на спортот.
  • Морган ја замолил фирмата A.G. Spalding & Bros да направи соодветна топка, што и било направено. Резултатот бил кожна топка со пречник од 65 cm и тежина од 300 g. Потоа, Морган, со уште двајца пријатели, ги пишува првите правила на одбојката. Во почетокот на 1896 г., во Спрингфилд на YMCA Колеџот, била организирана конференција на која што се собрале сите директори за физичко воспитување на YMCA. На таа конференција, Морган за прв пат ја демонстрирал новосоздадената игра. Составил две екипи од по пет играчи којшто пред самата конференција одиграле “Мintonette’’. 
  • Играта била одлично прифатена уште на самата конференција освен што името ѝ било променето во “одбојка“. Морган работел на правилата на игра и во 1897. година бил издаден и првиот прирачник со главните податоци за играта и како додаток биле издадени и првите правила на одбојката.
                                Ова е човекот што ја создал одбојката...

Friday, December 2, 2016

Мат Андерсон

  • Еден од најпознатите и најдобрите одбојкари според мене е Мат Андерсон.
  • Матеј Џон Андерсон е роден на 18 април 1987 г. Тој е американски одбојкар, член на машката Американската национална одбојкарска екипа и рускиот клуб Зенит Казан.
  • Тој има освојувано многу награди со неговите тимови...Оваа година во Олимписките игри со Американската репрезентација освоија бронзен медал..

Tuesday, November 29, 2016

Запознавање...

Здраво!...Јас сум Ангела....Видовте и самите за што го креирав мојот блог...За одбојката....Тоа е моето хоби и најубав спорт според мене....И зато решив да направам токму за неа...Се надевам дека ќе ви се допаѓаат моите постови и често ќе ме посетувате. 😙💜💗

Sunday, November 27, 2016

Нешто за одбојката...

                                                              Одбојка



             Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што две екипи од по 6 играчи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.